[Видео] Спирала се појави на небото над Хаваите

Камера на врвот на највисоката планина на Хаваите сними феномен налик спирала што се врти на ноќното небо.

Фотографиите се направени на 18 јануари со камера на врвот Мауна Кеа надвор од Националната астрономска опсерваторија на јапонскиот телескоп Субару. Истражувачите веруваат дека појавата на небото е поврзана со воен ГПС сателит кој лансираше ракета на „Спеј Иск“ во Флорида.

„Тајм лапс“ видео прикажува бела топка што се шири и формира спирала додека се движи на небото. Потоа таа избледува и целосно исчезнува.

Ичи Танка, истражувач во опсерваторијата изјавил дека додека работел таа ноќ не ја забележал спиралата, туку ја видел на принскрин што му го испратил набљудувач на ѕвезди кој следел пренос во живо.

„Кога отворив на Слек тогаш ја видов првпат“, споделил истражувачот кој слична спирала на небото виде и минатиот април. И таа се појави по лансирање на „Спејс Икс“ само што беше поголема и многу побледа.

Танака додал и дека опсерваторијата инсталирала камера за да ја следи околината надвор од Субару и да споделува слики од чистото небо над Мауна Кеа. Всушност овој врв ги има некои од најдобрите услови за астрономски истражувања на Земјата што го прави омилено место на астрономите за најнапредните опсерватории.