[Видео] Шукова за РСЕ: Треба десетици години да се реши проблемот со загадениот воздух

Илузорно е да мислиме проблемот со аерозагадувањето можеме да го решиме две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години, особено за големите градови, вели министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во неделното интервју на Радио слободна Европа.

Запрашана за коментар на сторијата на Гардијан, во која пишуваше дека воздухот во Северна Македонија е најтоксичен во Европа, министерката вели дека не би одела со квалификацијата „најтоксичен“.

„Тоа се определени денови во годината и морам да кажам дека во изминатите денови бројот на тие денови се намалува, што е многу добро и значи дека сме презеле одредени мерки. Јас се надевам дека, меѓу другото, и кај граѓаните се подигнала малку јавната свест, па не користат нееколошки материјали за да се затоплуваат. Она што го кажуваа статистиките во Европа и во светот, е дека особено на главните градови им требаат повеќе години за да можат да се справат со овој проблем, односно да се префрлат од нееколошки системи за затоплување, кон еколошки системи за затоплување, коишто помалку го загадуваат воздухот“, вели Шукова.

Целосното интервју погледнете го во продолжение: