[Видео] Покана за настанот „Го сакам ГТЦ“ на 28 декември

Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ објави видео покана за настанот кој ќе се одржи на 28 декември, во чии рамки граѓаните ќе го изразат својот револт и отпор против намерата на властите да изградат нова, барокна фасада на објектот на Градскиот трговски центар. Во видеото, познати архитекти, ликовни уметници, актери, режисери, новинари и други јавни личности ја изразуваат својата поддршка за иницијативата „Го сакам ГТЦ“.