Ви ја претставуваме првата епизода од новиот серијал видео подкасти „Балкански перспективи“, во соработка со ProPeace. Професионалци од различни области во општеството ќе говорат за нивните искуства и како последиците од конфликтот во 2001, Охридскиот рамковен договор и помирувањето се отсликуваат во нивните професии.
Во оваа епизода на „Балкански перспективи“, Ива Петрунова и Јане Стојаноски, двајцата архитекти, разговараат за тоа како наследството од конфликтот во 2001 година влијае врз урбанистичкото планирање и архитектонските одлуки во постконфликтна Македонија.
Почнувајќи од контроверзниот проект „Скопје 2014“ па сè до поделените јавни плоштади, разговорот ја истражува улогата на архитектурата во колективната меморија, идентитетот и процесите на помирување.