[Видео] Нова снимка од шарските авантури на данскиот истражувач

Во новата епизода од серијалот видеа кои данскиот авантурист Mads Tolstrup ги прави по неговата минатомесечна посета на Македонија, претставено е искачувањето на вториот највисок врв во Македонија, Титов Врв (2.747 метри) на Шар Планина, во зимски услови. Погледнете ги и претходните снимки [1 2] од истражувањето на Tolstrup на убавините на нашата најголема планина.