[Видео] Данскиот авантурист Mads Tolstrup ја истражува Шар Планина

Данскиот видеоавтор, авантуристот Mads Tosltrup, кој пред еден месец престојуваше во Македонија, го објави првото кратко видео од убавините на Шар Планина. Лешница се смета за едно од најубавите места на планината – во горното течение на реката Пена, која извира над ова место, се отвора живописна долина, за која на посетителите им е тешко да одлучат дали е поубава во зима или во лето. Зимската атмосфера на Лешница одлично ја доловува оваа видео на Tolstrup, која е дел од неговиот серијал Montem Adventure.