[Видео] На час: Што опфаќа сексуалното образование

Што е, а што не е сексуално образование? Пред јавноста периодов се споделија многу информации, но и дезинформации во однос пилот-програмата за воведување сеопфатно сексуално образование како изборен предмет во основните училишта.

Во моментов ова се спроведува во четири училишта во Скопје и Тетово. Но, овој процес од самиот почеток предизвика страв, револт и сомнеж во јавноста за начинот како ќе се изведува и што ќе вклучува наставата.

Поради ова, во новата емисија на „На час“, појаснување даваат Мери Цветковска од здружението ХЕРА и училишниот психолог Елизабета Ивановиќ, кои се директно вклучени во овој процес.