[Видео] Младиот Марко повторно го преплива Охридско Езеро

Младиот охридски пливач Марко Пејчиновски уште еднаш успешно го преплива Охридското Езеро. Тој ја оствари својата цел откако утрово во седум часот тргна од градското пристаниште во Охрид, а по 14 часа пристигна во Св. Наум.

Ова е втор ваков подвиг на младиот пливач, кој пред три години и покрај здравствените проблеми успеа за првпат да ја преплива делницата Св. Наум-Охрид во обратна насока.