Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски го преплива Охридско Езеро

И покрај силниот ветер и немирното езеро, 12-годишниот Марко Пејчиноски вчера постигна успех за паметење – за речиси девет часа успеа да го преплива Охридското езеро и со тоа се вброи во најмладите што го препливале езерото.

Неговиот подвиг започна во 9 часот и 30 минути во утрината од св. Наум, а заврши на градското пристаниште во попладневните часови.

Марко пристигнува на целта

Posted by ohridnews.com on Tuesday, 28 August 2018

Марко беше пречекан на пристаништето од неговото семејство, екипата на Црвениот крст, како и граѓани кои го бодреа во текот на денот.

Честитки за неговиот подвиг упати и Агенцијата за млади и спорт.

„Младите се иднината на секоја земја, а нивните спортски остварувања предуслов за високи остварувања. Му посакуваме голем успех во иднина но посебно во пливањето како спорт“, се вели во честитката.