[Видео] Корупција во образованието – младинско вмрежување

Во втората епизода од видеосеријалот посветен на корупцијата во високото образование на Балканот, се зборува за напорите на младинските организации и активистите од неколку земји за борба против корупцијата.

Серијалот, кој е во продукција на Младинскиот образовен форум, е сниман во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Ерменија и тој дава поглед врз мислењата и акциите на студентите, професорите, активистите, организациите посветени на воспоставување на квалитетно и транспарентно образование.