[Видео] Корупција во образованието: дефинирање и препознавање на корупцијата

Видеосеријалот Корупција во образованието, кој го сочинуваат пет кратки документарни филмови, е посветен на младинските напори, организирање и вмрежување во борбата против корупцијата во секојдневниот образовен живот на младите од Југоисточна Европа.

Кусите документарно-едукативни филмови се снимени во Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Ерменија и нудат поглед во мислењата и акциите на студентите, професорите, активистите, организациите, како и на други истакнати индивидуалци за воспоставување на квалитетно и транспарентно образование.

Секој од петте кратки филмови обработува различна област од корупцијата во високо образование и тоа: [1] Дефинирање и препознавање на корупција, [2] Младинско вмрежување против корупција, [3] Податоци и истражување за корупцијата, [4] Активизам против корупцијата и [5] Комуникација со институциите.

Овој видеосеријал е во продукција на Младински образовен форум, со поддршка на УСАИД и на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, имплементиран од УСАИД Македонија и Фондацијата Отворено општество Македонија.

Автори се Жарко Настоски и Александра Живковиќ. Камерата е на Влатко Огненовски, монатажата на Филип Грчевски, анимацијата е на Михаил Наумов, а дизајнот на графиката го направи Даниел Јанев, Преводот на соговорниците од Ерменија е на Рипа Ховакимјан Кузевска. Наратори на англиски јазик се Роџер Ренсејк и Абигејл Лад, додека наратор на македонски јазик е Жарко Настоски.

Погледнете ја првата епизода од овој серијал, посветена на дефинирањето и препознавањето на корупцијата во образованието.