[Видео] Јасно и Гласно: Децата отворено се жалат, но колку внимателно ги слушаме?

Неколку инциденти што се случија последниов период, повторно во јавноста го актуелизираа прашањето на проблемот со меѓуврсничкото насилство. Истовремено, според истражувања од невладиниот сектор, учениците ја губат довербата во училишниот психолог. Тоа претставува генерален проблем бидејќи токму училиштето е местото каде основците и средношколците поминуваат најголем дел од денот.

Оттука, во фокусот на оваа епизода на „Јасно и гласно“ е тоа како учениците се справуваат со булингот на училиште и надвор од него, колку тие ја сметаат за достапна можноста за барање помош од училишниот психолог и како да се дестигматизира посетата кај него.

За овие прашања разговаравме со Гордана Блажевска Спиридонова, училиштен психолог во скопската гимназија „Никола Карев“, Ивана Илиев, социјална работничка вработена во здружението ХОПС и средношколката Анисија Угриновска, основачка на Организација за дијалог и афирмација на средношколците – ОДАС.

Новинар: Ангела Бошкоска