[Видео] #Инста(нт) вести 3.5

„Цело Скопје зоолошка“, „Лела мандарините поскапеа, ти уште си ми скарана“ – ова се само дел од култните скопски графити вклучени во збирката „(До)живеј го Скопје“, на ликовниот уметник Матеј Богдановски и писателот Игор Анѓелков.
Кој од владините функционери е најголем „инфлуенсер“ на социјалните мрежи според бројот на следбеници? Радио МОФ направи анализа кој се најследените владини функционери на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и ТикТок.
Четири младински активистички иницијативи беа претставени на конференцијата ENGAGE YOUTH која се одржа во дворот на Младински образовен форум, а во организација на Радио МОФ и МОФ. Слушнавме нешто повеќе за #СподелиАвторка, Култура ß Art house Karev и #ДокуНикулци на MakeDox, а и џемавме со бендот Црно собрание.

Отсега #ИнстаВести се достапни на Фејсбук, Инстаграм и ТикТок.

*Видео емисијата е активност финансирана од Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ). Содржината е единствена одговорност на авторот и не нужно ги изразува ставовите на ФООМ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)