[Видео] Инста(нт) вести 2.7

Движејќи се меѓу протести и летни фестивали, се качивме високо бидејќи „подобро се гледа“ преку „Cinedays“, ѕирнавме во парчето универзум и ја подготвивме новата епизода на #ИнстантВести

Во неа зборуваме за победата на Европското првенство во кантер, потребата од „Идентитол форте“, луксузниот скопски јавен превоз, а се возиме и со пловило на соларен погон.

Се разбира дека не го пропуштивме омилениот „Д фест“ каде што направивме и nobl интервју со Констракта.

Гледајте нова епизода на #ИнстантВести со Михе.

*Видео емисијата е направена во рамки на проектот „Младински политики за подобар животен стандард на младите во помали средини“, финансиран од Фондацијата Отворено општество.