[Видео] „Глас на солидарноста“ – пораки од млади по повод Ден на младите

„Гласови на солидарноста“ е наслoвот на видеото во кое седум млади луѓе објаснуваат своја дефиниција за солидарноста по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите.

Токму со ова видео, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го одбележува денешниот ден, а оттаму велат дека видеото е „мост од инспиративни пораки“ кое ги поврзува 26 јули – 60годишнината од скопскиот земјотрес и 12 август – Меѓународниот ден на младите.

Од УНДП посочуваат дека носечката порака на видеото е дека солидарноста повторно го изгради Скопје и токму солидарноста е таа што ќе помогне да се изгради подобра и просперитетна иднина за младите.

„Не можеме да градиме солидарно општество без да го чуеме гласот на младите. Не можеме да очекуваме просперитетна иднина без да ја негуваме солидарноста кај младите генерации“, велат од УНДП.