[Видео] Анонимни сведоштва на луѓе кои се погодени од корупција

Младински образован форум (МОФ) објави видео за подигнување на свеста против корупцијата, предводено од членовите на клубовите за младински активизам од Велес и Чаир.

Млади читаат сведоштва кои анонимно беа споделени од граѓани, со цел да се даде глас на оние кои се погодени од корупција и да се споделат нивните приказни.

„Заедно, да ја подигнеме свеста, да инспирираме промени и да изградиме иднина што се темели на интегритет и транспарентност!“, велат од МОФ.

Видеото е подготвено во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности во партнерство со програмата Граѓаните против корупцијата.