Велосипедист нацрта виртуелен Снешко во Лондон со мобилна апликација

Велосипедист нацрта виртуелен Снешко од 141 километар низ лондонските улици. Ентони Хојт мина десет часа возејќи низ градските улици, користејќи ја апликацијата „Strava“ за да го создаде своето виртуелно дело.

Велосипедистот создаде неколку виртуелни дела, а со едно од нив ја освои првата награда во уметничкиот натпревар во градот Бристол, на апликацијата Strava во септември.

„Сакав да направам нешто празнично, но заврши како нешто големо“, вели велосипедистот.

49-годишниот велосипедист почнал да ги создава „цртежите“ пред три годиним преку апликацијата која го следи неговото возење.

Тогаш не многу успешно нацрта куче по улиците на неговиот роден Чилтинхем (Cheltenham), човечки профил возејќи низ Кардиф, како и пар слонови во Бирмингем.

„Идеално ви треба место со висока концентрација на патишта”, препорачува тој. „Потоа гледам на мапата и барам работи што можам да ги нацртам. Тоа е како гледање во облаци и препознавање слики“.

Неговиот огромен снежен човек беше создаден на хартија минатата година, но тој не беше во можност да ја помине патеката поради грип.

„Потребни беа 10 часа, целиот ден го поминав и успеав да го направам одеднаш“, рече тој. „Морав да застанам и да најдам јавни тоалети, отидов по погрешен пат неколку пати, но толку е голенм (цртежот) што никој нема да забележи“.