Вечер на танцови филмови во склоп на „Танц Фест Скопје“

Во Џепното кино, во МКЦ, со почеток во 21 часот, фестивалот „Танц Фест Скопје“ ќе претстави тројца млади автор, во серијата „Современи кореографски идентитети“.

За почеток, премиерно биде прикажан филмот „2 0 2 0 “ (Во потрага по оптимизам и други чудовишта) во режија на Дора Кокољ, кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд.

Следува „Vitro“ на Филип Петковски, филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природатa. „Vitro“ ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата. Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски.

Третиот филм кој публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова.

„Танц Фест Скопје 2022“ е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада, Францускиот институт од Париз и Скопје, Дом на Арм Скопје, Perform Europe, East is Best, Културанова.