Уште 5 починати и 87 новозаразени од Ковид-19

Денеска се регистрирани 87 нови случаи на Ковид 19, пет лица починаа, а оздравени се 51 лице, соопштија од
Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а од регистрираните 87 нови случаи на ковид-19 во Скопје се 34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1, Кичево-3.

Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.