Управниот суд пресуди во полза на „Еуромакс“ за рудникот Иловица

Судечкиот совет на Управниот суд на 31 март донел пресуда за уважување на тужбата на компанијата „Еуромакс“ која сака да гради рудник во селото Иловица. Ваквиот тек на настаните доаѓа откако компанијата во октомври минатата година поднесе тужба до Управниот суд против решението донесено од Второстепената државна комисија, која ја одби жалбата на „Еуромакс“.

Во пресудата со број  У-6.бр.575/2019,  стои дека Управниот суд ја прифаќа тужбата како основана.

„Тужителот со тужба за управен спор, ја оспори законитоста на оспореното решение означено во изреката на пресудата поради повреда на правилата на постапката, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право со предлог, тужбата да се уважи и оспореното решение поништи. По однос на повредата на правилата на постапката тужителот укажува дека управните органи било потребно по службена должност да ја прекинат постапката по барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини бр.24-4490/1, согласно член 95 од Законот за општата управна постапка, и да одлучи по основ на барањето за спојување на концесии бр.24-962/1. По однос на погрешно и нецелосно утврдената фактичка состојба укажува дека управните органи не ги зеле во предвид укажувања дека не по нивна вина дел од документите кои биле потребно да ги достават не им биле издадени од надлежните институции иако навремено поднеле барање до истите.

На овој начин наведените институции не постапиле согласно законските рокови поради што во конкретниот случај има молчење на администрацијата. Понатаму по однос на погрешната примена на
материјалното тужителот укажува дека тужениот тужениот орган неправилно го толкувал член 61 од Законот за минералните суровини од причина што истиот предвидувал обрска а не право да донесе одлука за спојување или припојување на концесиите доколку се исполнети условите. Тужениот орган ги достави списите на предметот но не даде одговор на тужбените наводи. Управниот суд најде дека тужбата е основана“, стои во пресудата на Управниот суд.

Како за потсетување, Второстепената комисијата ја потврди одлуката на Министерството за економија за одбивање за барањето за експлоатација на „Иловица“. Претходно, Владата објави дека дозволата за „Иловица“ е одбиена, бидејќи од „Еуромакс“ не биле доставени сите потребни документи за експлоатација согласно Законот за минерални суровини.

Од иницијативата „Здрава Котлина“ пред неколку дена за ваквата пресуда ја известија јавноста и порачаа дека рудник на Огражден нема да има по ниту една цена.

ВРЕМЕ Е ЗА БУНТСудиите во управниот суд биле многу активни и работливи и донеле одлуки во период на вонредна состојба,…

Posted by Здрава Котлина on Monday, 11 May 2020

„Време е за активни и радикални мерки по секаква основа и вертикала, почнувајќи од корумпираните судии, корумпираните функционери и корумпираните политичари. Ги повикуваме граѓаните да се припремат за радикални активности посебно против Еуромакс и нивните платеници во судството, администрацијата и политиката!“, посочија од иницијативата.

Продолжува сагата со „Иловица“, „Еуромакс“ сега тужи пред Управен суд

М.К.