УНЕСКО: На светот му недостигаат 44 милиони наставници

На светот му се потребни 44 милиони наставници, доколку едукацијата навистина ќе е достапна за секое дете, покажува нова анализа на УНЕСКО.

Агенцијата за образование и култура истакна дека 9 отсто од наставниците во одделенска настава се повлекле од професијата во 2022, со што дупло се зголемил недостатокот на наставен кадар, кој во 2015 изнесувал 4.6 отсто.

„Наставниците играат многу важна улога во општеството, а сепак, оваа професија се соочува со сериозен недостаток на кадар. Во некои делови од светот, недостасуваат кандидати. Во други делови од светот, надлежниот кадар многу брзо се откажува од професијата, само неколку години по влегување во образовниот систем. И во двата случаи, одговорот е ист: мораме да ги цениме и да ги поддржуваме наставниците“, изјавил генералниот директор на УНЕСКО, Адри Азулаи.

Според анализата, проблемите се глобални, и присутни и во богатите држави. Таму, наставниците се соочуваат со високо ниво на стрес, недостаток на материјали, ниски плати и лошо лидерство.

Во Европа и Северна Америка, пензионирањето и „недостатокот на интерес за професијата“, значи дека потребни се 4.8 милиони наставници за да се постигне сигурно и квалитетно, основно и средно образование.

Во делови од Африка, на образовната криза се додадени и затворањата на школите – околу 13.000 училишта се затворени во централна и западна Африка во последните четири години.