Уметност од рециклиран отпад – изложбата „Еко не его Арт“ се враќа во галеријата „Ко-Ра“

Изложбата „Еко не его Арт“ во четврток повторно ќе биде отворена во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на градежници, овој пат на Денот на екологијата.

Во изложбата учествуваат Сарита Конеска, Игор Љубовчевски, Гордана Винчиќ, Андријана Андреева, Хопс, Весна Петрушевска, Ања Илиева, Жаклина Димовска, Сали Ертунч, Глигор Кузмановски, Доротеј Нешовски, Викторија Попоска, Ѓорѓи Димовски и Воислав Стојановски.

„Ве покануваме сите, уште еднаш да не посетите и ја разбистрите идеата за еко свеста, мотивот да се користи отпадот креативно како материјал за работа. Изложбата ќе биде повторно од продажен карактер и секој кој милува може да си обезбеди за својот дом, канцеларија, простор, по еден ваков оригинален Еко Арт момент“, стои во најавата за настанот.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.