„Уметничка“ акција ги натера властите во Мидлсборо да ги поправат уличните дупки

Властите во британскиот град Мидлсборо ги поправија уличните дупки за само неколку дена откако околу нив беа насликани пениси.

Советот на Мидлсборо соопшти дека нивната служба веднаш излегла на терен откако дознале за проблемот. Но, жителот Бред Николсон изјави дека дупките биле таму повеќе од една година.

Според него, дупките почнале да се појавуваат пред две години, но пред една година почнале да стануваат проблем.

Иако не знае кој ги нацртал пенисите, вели: „Време беше нешто да се направи со дупките во Мидлсборо“.

Улицата по поправките (Фото: BBC)

Портпаролот на Советот изјави: „Мидлсборо, како и сите локални власти во земјата, има проблеми со дупки и поправки се вршат на приоритетна основа утврдена од ризикот што го претставуваат за корисниците на автопатот“.

Во јануари, окружниот совет на Есекс вети дека ќе дејствува по сличен протест во Шафрон Валден.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.