Украинска онлајн аукција со дела од Бенкси мета на напади од руски IP адреси

Руски IP адреси нападнале онлајн аукција на која се продавале дела од уличниот уметник Бенкси, со цел да се соберат средства за украинските цивили, тврдат организаторите на аукцијата.

„Euronews“ пренесува дека Фондацијата „Наследство на војната“, хуманитарна организација која собира средства за цивили погодени од војната, организирала аукција на 50 принтови на Бенкси, а купувачите можеле да купат по едно дело.

„Сајтот доби над еден милион барања и околу 3.500 непријателски напади од руски IP адреси“, објавила организацијата на својата веб-страна.

Сајбер нападите се уште не се официјално поврзани со Русија.

Фондацијата со собраните средства планира да купи амбулантни возила, генератори, грејни тела и соларни ламби за цивилното население.