Украина усвои закон со кој се спречува влијанието на олигарсите врз политиката

Законот ќе спречува богатите индивидуалци да финансираат политички партии и да учествуваат во приватизацијата на државните институции и големите компании, пренесува „Euronews“.

Со новиот закон, Украинците ќе треба да се регистрираат како олигарси доколку поседуваат значајни суми на финансии или пак се сопственици на медиуми. Законот исто така бара пензионираните државни функционери да информираат за секакви зделки кои ги склучуваат со олигарсите.

Законот се усвоил со 279 собраниски гласа „за“.

Законот против олигарсите се усвои само еден ден откако автомобил на еден од врвните соработници на Зеленски беше цел на огнен напад во близина на Киев.

Украинскиот претседател сугерираше дека обидот за атентат е одговор на воведувањето на новата реформа. Од украинската полиција велат дека ги следат политичките сведочења.

Според украинскиот Парламент, новиот закон цели да ги превенира заканите за националната безбедност кои се поврзани со големото влијание на индивидуалци со висока економска и политичка важност во јавниот живот.

Критичарите на законот се плашат дека новата регулатива ќе функционира селективно и ќе му донесе поголема моќ на актуелниот претседател.