Угостителските објекти од 1 јули ќе работат и на затворено со исполнетост до 40%, одлучи Владата

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната владина седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителски објекти, вклучително и за организирање свадби, прослави, веселби и настани, со исполнетост од 40% од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости.

Оттаму истакнуваат дека тоа ќе треба да се спроведе со строга примена на протоколите за работа на овие објекти.

Во меѓувреме, оттаму посочуваат дека ваквата одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости.