УГД распиша студентски избори на факултетите

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип распиша конкурси на сите факултети за избор на студентско раководство на сите факултети.

Сите заинтересирани студенти имаат право да се пријават на конкурсите за избор на Факултетското-студентско собрание. Конкурсот е распишан на 04.11.2019 и трае до 12.11.2019 година.

Студентите кои сакаат да бидат членови на ова собрание треба да достават пријава и потврда за студент на соодветниот факултет кај техничките секретари на нивните матични факултети.

„Сите пријави ќе ги разгледуваат комисии кои се веќе формирани во рамките на факултети на УГД и согласно тоа ќе се распишат избори за Факултетско студентско собрание на сите факултети на 04.12.2019 година од 10.00 до 15.00 часот. На денот изборите секој студент има право да гласа на својот матичен факултет со приложување на индекс“, соопштуваат од УГД.

Факултетско-студентско собрание треба да се избере на секој факултет и тоа брои 10 студенти. Откако ќе се конституира собранието, на конститутивна седница тоа ќе треба да избере претседател на собрание на факултет и да именува по двајца членови во Универзитетско собрание, еден или двајца членови (зависно статутот) во Наставно научните совети на факултетите и по еден член во Одборот за соработка и доверба со јавноста.

Откако Факултетското собрание ќе формира Универзитетско собрание тоа на конститутивна седница ќе избере претседател на Универзитетското собрание и ќе именува соодветни претставници во телата на Универзитетот.

Целата постапка ќе заврши со формирање на нови раководни студентски тела според новиот закон и статут на УГД.

Мандатите на сите студентски функции се во траење од една година.

Неодамна, студентски избори најави и најголемиот дел од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Интерактивна мапа – Сите информации за студентските избори на УКИМ