Училиштата низ Тетово денеска не одржуваа настава поради дојава за бобма

Утринава беше прекината наставата поради дојава за бомба во скори сите тетовски училишта.

МВР соопшти дека веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Од одделението за образование при општинскиот Сектор за јавни дејности информираа дека училиштата се проверени од полициските службенции при СВР Тетово, а сите ученици и вработени се евакуирани и ги напуштиле училишните простории.

Воедно информираа дека наставниот процес ќе продолжи само по официјална потврда дека безбедносните услови се целосно исполнети.