Уапсен па пуштен да се брани од слобода напаѓачот на српскиот новинар Милованчевиќ

Откако министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека е уапсен 41-годишниот Г.Б. кој е осомничен дека за време на еден од протестите во Србија го нападна новинарот на „Нова.рс“ Војислав Милованчевиќ, тој не е задржан во притвор и е пуштен да се брани од слобода, односно, кривичната пријава против него ќе биде поднесена по редовен пат, јавува „Нова.рс“.

„Лицето не е задржано, пријавата се уште не е стигната во обвинителството“, изјавиле од обвинителството.

Новинарот Милованчевиќ со кого разговараше Радио МОФ посочи дека од нападот се здобил со голема исеченица на задниот дел на главата и многу крварел, и додаде дека повредата можела да биде многу полоша доколку не се извлечел на време.

Милованчевиќ е само еден од бројните новинари кои беа нападнати од демонстрантите и полицијата, за време на известувањето од протестите во Белград, но и ширум Србија.

„Нападот ја зајакна намерата да известувам“, вели новинарот Милованчевиќ кој беше нападнат на протестите во Србија