„Твитер“ за прв пат обележа објава на Трамп со предупредување за проверка на факти

Претседателот Трамп објавил дека електронските гласачки ливчиња се голема измама, а социјалната мрежа го обележала овој твит со предупредување за проверка на фактите.

Ваквиот потег на апликацијата довел до нови објави од страна на претседателот, во кои тврди дека социјалната мрежа „комплетно го гуши правото на говор“.

Со син извичник под самата објава, предупредувањето од страна на „Твитер“ е линк кој сугерира корисниците „да ги проверат фактите за електронските гласачки ливчиња“.

Линкот ги пренасочува корисниците на паралелен „Твитер“ тајлмајн во кој изјавите на Трамп се опишани како неосновани, додека за извори се користат објави за проблематиката од страна релевантни медуми меѓу кои се наоѓаат „CNN“, и „Washington post“.

Помеѓу објавите од медиумите, корисниците можат да ја прочитаат и категоријата „Што е потребно да се зна“, каде самата мрежа ги корегира дезинформациите од страна на претседателот.

Социјалната мрежа истакна дека ќе ги зголеми предупредувањата за дезинформации, но беше потребно подолго време за да се реши да ги проверува фактите во објавите на истакнатите политичари корисници на платформата, меѓу кои е и Трамп.

На почетокот од овој месец, „Твитер“ ја апдејтираше полисата за проверка на факти.

Извор: BBC

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.