Три починати лица и еден нов случај од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа е регистриран еден нов случај на КОВИД-19 во Куманово.

Од министерството дополнуваат дека за истиот период пријавени се и три починати лица, едно лице од Куманово на 55 години, едно лице од Тетово на 61 година и едно лице од Гевгелија на осумдесетгодишна возраст. Според соопштението на МЗ сите лица починале во болнички услови.

Од институцијата велат дека регистрирани се 204 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464“, велат од МЗ

Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања