Тимот Data Grabbers победи на хакатонот за отворени податоци на Метаморфозис

Тимот „Data Grabbers“ („Грабачи на податоци“) се победници на третиот хакатон за отворени податоци во организација на Фондацијата Метаморфозис.

Тие понудија веб апликација што ќе овозможи мапирање на сите фармацевтски продавници и здравствени установи во земјата, како и споредба на цените на производите во различни аптеки.

Пет тима со вкупно 24 учесници од 24-ти до 27-ти март создаваа решенија базирани на отворени податоци.

Победничкиот тим ќе добие награда во вредност од 3,000 долари за доразвивање на демо верзијата во функционална апликација во следните неколку месеци во соработка со Фондација Метаморфозис.

Хакатонот за отворени податоци се организираше во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.