Тим дебатери од МОФ добија признание на Светското дебатно првенство во Макао

Тимот дебатери Георгина ПетрескаФросина Кекеновска, Карла Станков, Љубен Атов и Леонид Сајков од Младинскиот образовен форум (МОФ) добија признание за најдобар тим од земјите кои прв пат учествуваат на Светското дебатно првенство во World Schools Debating Style.

Младите дебатери се бореа за титулата Светски дебатен првак во средношколска дебата.

Годинава Светското дебатно првенство започна на 26 јули и се одржа во Макао.