Тешка ноќ на Идомени, хуманитарна катастрофа се заканува во бегалскиот камп

Од Идомени известува Кристина Озимец

Тешка, дождлива ноќ измина за бегалците кои се затечени во кампот Идомени, на македонско-грчката граница. Илјадници луѓе, меѓу кои и многу деца, ноќта ја поминаа на отворено, без никаква заштита, во кал и студ. Бројот на болните деца и постари луѓе постојано расте.

id-4

Во кампот е хаос и нема никаква организација. Луѓето се збунети и исплашени, редиците за храна и вода се долги стотици метри, а опасноста од избивање на болести поради катастрофалните хигиенски услови е се поголема. Во Идомени, според грчката полиција, сега има околу 12 000 луѓе, кои можат да користат само дваесетина тоалети.

id-1

Едно семејство кое утрово пристигна во кампот немаше никакво засолниште.

„Студено е и пак почнува да врне. Каде да најдеме шатор?“, прашуваат, исплашени и измрзнати.

Дел од луѓето веќе две недели се во овој камп, премрзнати и без основни хигиенски услови. Полињата околу грчката граница се полни со реки од мигранти кои и натаму доаѓаат во кампот. Моханлад од Сирија вели дека е пет дена во кампот и дека условите се катастрофални

„Добивам по една до две води шишиња вода дневно, а за храната се чека многу време. Дојдов преку Турција и Атина“, вели тој.

id-2

Според грчката полиција, до утрово кон Македонија биле пропуштени само 84 луѓе. За разлика од изминатите денови, во кои бегалците протестираа, барајќи да бидат пуштени да влезат во Македонија, утрово на Идомени е мирно. Се појавија информации дека е можно да започне преместување на дел од бегалците со автобуси  во други кампови низ Грција.