Почнувајќи од 9 октомври (понеделник), а до крајот на ноември 2023 година, на Меѓународниот Аерoдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж.
Оттука, од компанијата ТАВ, апелираа до патниците на скопскиот аеродром, да пристигуваат на аеродромот,односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетување на летот.