„Тапани за Дино“ – целодневен саботен хуманитарен настан во „Бруталиск“

Класични музичари, рок бендови, стенд-ап комичари и актери во сабота, на 1 април, ќе настапат за да соберат средства за нови тапани за Дино Рамо, лице со атипичен развој кое одлично тропа на тапани, но му се потребни нови за да продолжи да го прави тоа што најмногу го сака.

Почнувајќи од 11 часот, програмата ќе започне со двочасовен детски маскенбал по повод Светскиот ден на шегата, по што во 14 часот ќе следува настап на гудачкото трио Билјана, Љубица и Александра.

Во текот на целодневниот хуманитарен и музички настан ќе настапат и „Stringendo“, Васил Ангелов & Band, а во 16 часот и самиот Дино ќе одржи џем сесија на тапани.

По Дино, настап ќе има каревскиот средношколски бенд „Црно Собрание“, по што ќе следи музички настап на Симон Киселички, потоа комичарско шоу со Бојан Кирковски, а во 20 часот свој настап ќе имаат Џијан Емин и Шлиц.

Водител на целодневниот настан ќе биде актерот Игор Ангелов, а настанот е организиран од „Пи Театар“, „Арт Бригада“ и „Бруталиск“.

Сите оние кои не можат физички да присуствуваат, а сакаат да помогнат можат да донираат преку жиро сметката:
Сметка за донации:
Центар за изведувачки уметности и едукација Театар Пи
Жиро сметка: 200002429693434 Стопанска банка
Цел на дознака: Тапани за Дино