Тајван е првата азиска држава што ги легализираше истополовите бракови

Тајван ги легализираше истополовите бракови и со тоа стана првата азиска држава која го направила тоа. Одлуката доаѓа по бројните приговори од конзервативните политичари.

Уставниот суд му даде период од две години на парламентот да излезе со Закон за истополови бракови, откако пресуди дека геј двојките имаат право легално да влегуваат во брак.

Претходно се одржаа серија референдуми во ноември, кога гласачите убедливо гласаа за дефинирање на бракот како ништо друго освен соединување помеѓу маж и жена.

Пратениците дебатираа за три можни закони, меѓу кои и два понудени од конзервативците кои предлагаа наместо „брак“, поимот да се дефинира како „граѓанска заедница” или „семејни врски”. Овие предлози беа отфрлени, а најпрогресивниот од трите беше усвоен.

Одлуката вклучува ограничени права во случаи на посвојување од страна на истополови парови. Тоа беше предложено од владата и безусловно поддржано од активистите за правата на хомосексуалците, кои сметаат дека тоа не покажува целосна еднаквост, но барем е чекор во вистинската насока.

Изминативе денови, улиците на Тајван се исполнети со момчиња во здолништа како дел од настаните организирани против родовите и половите стереотипи. Масовните движења имаат цел да ја покренат свеста кај народот за долгоочекуваниот закон за истополови бракови.