Тајна репортерка разоткрила „фарма на тролови“ во Полска

Уште едно вообичаено случување на полскиот Твитер: неколкумина конзервативни активисти сеат омраза врз поделената либерална опозиција.

„Се скинав од смеење“ – пишува девојка од Жолиборж, која се опишува како „традиционалист“ коментирајќи на сторија од весник за екс-советник за кампањи на Барак Обама и Емануел Макрон кој доаѓа во Варшава за да се сретне со група либерални активисти.

„Опозицијата веќе нема што да понуди. Поради тоа тие употребуваат невистини за да ги замачкаат очите на јавноста“ – одговара Магда Росточка, којашто им се претставува на нејзините 4,400 следбеници како „леворака со срце кое припаѓа на десницата“.

Во реалноста, ниедна од овие жени не постојат. Двата профили ги водат вработените во мала маркетинг компанија со седиште во Вроцлав, град во југо-западна Полска, пишува во анализата на „Гардијан“.

Но, тоа што вработениот позади профилот на Магда Росточка не го знае е дека колешката односно „Девојката од Жолиборж“ е тајна репортерка која се инфилтрирала во компанијата, која ги следи внатрешните информации за тоа кои лажни профили на социјалните мрежи се користени од приватни компании за да влијаат врз гласачите.

Компаниите зад социјалните мрежи се под висок притисок поради „лажните профили“. „Фејсбук“ изјави дека укинал 2.2 милијарди лажни профили во првите три месеци од 2019, но Европската Комисија оваа недела изјави дека таа информација целосно не се совпаѓа.

Тајната репотерка, Катарнина Пруцкиевич, работела шест месеци во Cat@NET, компанија која се опишува како „интернет ПР агенција чии вработени создаваат позитивна слика за компании, физички лица и јавни институции со фокус на социјалните мрежи.“

Како член на Фондацијата на репортери, конзорциум на полски истражувачки новинари, првата задача на Пруцкиевич по вработувањето на компанијата било да отвори нов профил на социјалните мрежи кој служел за споделување на „општествена и политичка содржина“ со првична цел да добие 500 следбеници.

По пробниот период, репортерката добила пристап до внатрешните комуникациски канали на компанијата, преку кои вработените кои индивидуално воделе по дузина профили, добивале инструкции од нивните менаџери за тоа со кои проблематики да ги разработуваат, кого да промовираат и кого да деградираат.

Профилите споделувале и левичарска и десничарска содржина, привлекувајќи внимание, кредибилитет и поддршка од други  корисници на социјалните мрежи, кои потоа ги користеле за да ги одбрануваат клиентите на компанијата.

„Целта беше да се изгради кредибилитет кај луѓето од двете страни на политичката идеологија. Се додека имате придобиено нечија доверба преку рефлектирање на неговите ставови, вие сте во позиција да влијаете врз нив.“ изјави Војчич Циела, кој го следеше целото истражување во соработка со „Истражи ја Европа“, конзорциум на европските истражувачки новинари.

Читајќи ги комуникациите, може да се забележи како левичарските и десничарските профили ги добиваат нивните дневни инструкции и како се координираат.

Голем процент од вработените во Cat@Net се хендикепирани, дополнително збогатувајќи ја компанијата со субвенциите кои следат при вработување на лица со хендикеп, а се добиваат преку полскиот национален фонд за хендикепирани лица. Според Фондацијата на репортери, компанијата извлекла околу еден и пол милиони злоти од Фондот, почнувајќи од ноември 2015.

„Многу од нив се навистина добри луѓе – тие се eмпатични, се занимаваат со хуманитарна работа и активизам во слободно време, но нивниот хендикеп често им ги ограничува изборите за работно место“ – изјави Пруцкиевич за Гардијан. „За нив тоа е само работа.“

Една од работните задачи на Пруцкиевич била да раководи со анонимни профили со инструкции да ја промовира содржината од ТВП, Јавен информациски сервис во Полска, кој е често критикуван поради партиска поврзаност и говор на омраза кон малцински групи.

Уште еден човек кој имал бенефит од влијанието на Cat@Net  е скоро избраниот член на полскиот парламент од Демократската Лева Алијанса. Компанијата ја промовирала кандидатурата во Европскиот Парламент во изборите во Мај оваа година.

Биле отворени и профили кои се концентрирале на авијацијата и на индустриите за одбрана, со цел да се таргетираат клучни одлучувачи кои биле инволвирани во потпишување на големи владини обрамбени договори.

Во изјава објавена на нивниот веб портал, Cat@Net одрече дека е „трол фарма“: „Сферата на активности кој ги обавува компанијата е споделување на маркетинг операции на социјални медиуми. Ние споделуваме точни информации, комуницираме наместо нашите клиенти и ги промовираме нивните производи и сервиси, како и секоја друга компанија од овој вид.“

Целиот текст на „Гардијан“ е достапен на следниот ЛИНК.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.