СЗО бара забрана за продажба на живи диви животни на пазарите за да се намалат ризиците по јавното здравје

Светската здравствена организација (СЗО) побара забрана за продажба на живи диви животни на пазарите со храна за да се спречи ширењето на болести.

Во привременото упатство објавено вчера, Здравствената агенција на Обединетите нации (ООН) вели дека забраната е со цел да ги намали јавните здравствени ризици поврзани со продажба на живи диви животни за храна на традиционалните пазари.

СЗО заедно со Светската организација за здравје на животните и Програмата за животна средина на Обединетите нации изјавија дека владите низ целиот свет треба да размислат за „итно“ усвојување на упатството.

„Особено, СЗО, ОИЕ и УНЕП ги повикуваат националните надлежни органи да ја запрат трговијата со живи уловени диви животни од видот цицачи за храна или за размножување и да затворат делови од пазарите на храна што продаваат живи уловени диви животни од видот цицачи како итна мерка“, стои во упатството.

Панемијата на Ковид-19 започна во Кина во Вухан кон крајот на 2019 година, по што започнаа шпекулации во врска со потеклото на новиот коронавирус низ целиот свет, а пазарите на морски плодови во азиската земја беа мета на критики.

Претходно, Питер Бен Ембарек, швајцарски научник за безбедност на храна, кој го предводи тимот на СЗО со меѓународни експерти во Вухан, изјави дека се појавиле нови групи на инфекции со коронавируси на пазарот на морски плодови во Хуанан, но и надвор од пазарот.

Питер Дазак, зоолог со седиште во Њујорк, помагајќи во мисијата на СЗО, рече дека тимот извлекол „важни индиции“ за улогата на пазарот на морски плодови во пандемијата во Вухан.

Зборувајќи за „Bloomberg News“, Дазак рече дека 14-члената група работела во соработка со кинески експерти и ги посетила клучните места во регионот каде што првпат се појавил новиот коронавирус во декември 2019 година, пред да се прошири насекаде.