Свирка на „o:x“ и „Noijzu“ на 22 јули во СЦ „Дуња“

На 22 јули (сабота) во социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи свирка на „o:x“ и „Noijzu“ од Швајцарија.

„o:x – е дуо проект на Паула Санчез (електроника, вокал, чело) и Тобиас Фистер (processed, ghost, саксофон). Дуото трага по импровизирана внатрешна логика на повеќеслојни индивидуални делови наредени еден над друг. Преминуваат помеѓу сурово, побарувачко пристуство и неговите духовни сенки. Нишки од ритмички патерни поминуваат низ оваа повеќеслојност, завршувајќи ненадејно или губејќи се во зборовите помеѓу. Паула Санчез и Тобиас Фистер работат заедно од 2021 на повеќе проекти кои се дел од Gamut Kollektiv. Моментално тие учествуваат во уметничкиот проект “Insub.polytopies” од колективот INSUB од Женева“, посочуваат од „Дуња“.

„Noijzu“ пак, е швајцарски состав во кој учествуваат Шујуе Жао и Луис Санчез. Дуото се фокусира на акустичките звуци и ситентичките сонични ентитети.

„Noijzu ги меша бас кларинетот и аналогните/дигиталните сигнали, а резултатот се состои од екстреми акустички динамики, комплексни и хиперреални текстури во опсег од минимални до екстремни и конфронтирачки звучни експресии. Звукот на Noijzu е опишан како „симфонија од фрагментиран шум“. Имаат настапувано во Франција, Чешка, Полска, Гермаија, Швајцарија, Мијанмар, Индонезија, Сингапур, Малезија, Виетнам и Тајланд“, додаваат од „Дуња“.

За влез е препорачана донација од 150 денари за уметниците.