„Коњот сè побрзо галопира и носи поголем товар, за убаво, за подобри времиња. Следна недела имаме убава програма, сериозни импровизациски комбинации, од гараж-панк до експериментален ноиз. Ни гостуваат другари од Хрватска, Виетнам и Италија. Стегнете ги врвките“.
Вака стои во најавата на независниот издавач и организатор „Мртов коњ“, кој оваа недела организира „Антивикенд програма“, во која утре (вторник, 9 септември) од 21 часот ќе се одржи концертот на „Dad Joke“ во скопскиот паб „Ѕе“.
„’Dad Joke’ се загребско гараж-панк трио кое негува low-fi естетика и работи на принципот ‘помалку е повеќе’. Во нивниот звук може да се препознае влијание од гаражните антихерои од многуте страни на гараж-панкот и пост-панкот, како што се: ‘Urinals’, ‘Minutemen’, ‘Television Personalities’, ‘The Mummies’ итн. Пред неколку месеци го издадоа својот деби албум ‘How many songs can you handle this night’. Ќе ги слушаме во живо во ‘Ѕе’!“, стои во најавата за концертот.концер
Со нив ќе настапи „Кајзер Созе“. Карта за концертите е 200 денари.
Денеска 8 септември, Стражар (Мартин Џорлев) ќе има целовечерен настан/концерт во „Канал 103“ за Денот на независноста, за да се обележи со сиров поход со почеток од 20 часот. Во склоп на „Антивикенд програмата“, на 11 септември ќе има работилница за теремин „Soundspapes“ и настап на нашите „Improof“ и Александар Ордев во „Буква“ во Скопје.
Потоа на 11 септември ќе настапи мешаниот музички колектив „Тамшангандаз“ во МКЦ, па на крајот (12 септември) планиран е концерт на домашните „Алембик“ и „Passepartout Duo“ од Италија/САД, настан што ќе биде во Културно информативниот центар (КИЦ).