Дуото „Putan Club“ на 24 април ќе настапува во „Ла Кања“

Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ оваа среда (24 април) од 21:45 часот ќе настапува француско-италијанското дуо „Putan Club“.

За себе тие пишуваат дека се феминистичко – електронско – индустриско – авант – рок – техно – транс – ворлд – дивјаштво (sauvagerie).

„Поддршка на идеи за самоорганизирање на ниво на грасрут, заемна помош, солидарност, одржлив развој, начин на живот пријателски настроен кон животните, антиавторитаризам, автономија, феминизам и револуција и други иницијативи кои имаат за цел да создадат поправедно и послободно општество. Доколку се спротивставувате на каква било форма на социјална дискриминација и ставови кои генерираат дискриминација, омраза или поделеност и поддржувате луѓе кои велат не на расизмот, сексизмот, хомофобијата, ксенофобијата, партиската политика, капитализмот и организираната религија, предлагам да останете во контакт“, стои на сајтот на „Putan Club“.

Од таму нагласуваат дека „Putan Club“ не е панк бенд, туку зема се’ му треба: авант, техно, етно, џез, метал, класика…

„The Putan Club e тест клупа“, пишуваат од составот.

Препорачана донација за концертот во „Ла Кања“ е 200 денари.