Студентско собрание на ПМФ: Привремено одложени полгањата со физичко присуство на факултетот, вработени заболиле од Ковид-19

Од Факултетското студентско собрание на Природно-математичкиот факултет при УКИМ соопштија дека поради тоа што меѓу вработените на Факултетот имало регистрирани заразени со коронавирусот, испитната сесија која требаше да започне утре, за оние кои имаа испити со физичко присуство се одложува.

Истовремено тие информираат дека за оние кои испитите ќе ги полагаат онлајн, тие ќе се одржат според предвидените термини.

„Од последните сознанија кои ги добивме на ПМФ има вработени позитивни на коронавирусот. Препорачливо е воопшто да не одите на факултетот. Доколку сте приморани да одите за да земете документи и слично потребно е однапред да се најавите!
Во однос на полагањата: Онлајн испитите остануваат како што е планирано. Испитите со присуство за првата недела од првата декада да се одложат за понатаму – трета декада! За оние студенти кои немаат каде да престојуваат препорачано е сите испити и колоквиуми да ги полагаат онлајн! Очекувајте наскоро одговор и од вашите предметни професори!“, напишаа на својот Фејсбук профил од Факултетското студентско собрание на ПМФ.

На најголемиот универзитет во државата, „Св. Кирил и Методиј“ , секој факултет сам одлучува кој начин на полагање е најсоодветен. Зголемениот број на заразени во Скопје го одложи почетокот на претстојната испитна сесија на неколку факултети. На другите универзитети, УГД се одлучи за онлајн опцијата, додека за битолскиот УКЛО повеќе прифатливо е полагањето со физичко присуство со посебни мерки на претпазливост. Повеќе за тоа на текстот во продолжение:

Мета.мк: Јунската сесија на УКИМ дел онлајн, дел со физичко присуство