Студентска пролет III: Изрази се!

521934_554835104538487_573185210_nСлободен Индекс и оваа година по третпат организира „Студентска пролет“ под мотото „Изрази Се!“

Според организаторот, овој настан е дел од борбата на студентите за добивање на независен студентски културен центар. „Зошто немаме студентски културен центар?  Плаќаме 750 денари годишно за ИКСА, но не знаеме каде одат тие пари!“, велат од Студентски индекс.

Студентската пролет“ е непрофитен настан кој е целосно финансиран од активистите на организацијата како и прилозите на нејзините пријатели.
Настанот и оваа година ќе се случи под отворено небо на платото на УКИМ на 23 април започнувајќи од 11:00 до 20:00 часот.

Од Слободен индекс повикуваат студентите да размислуваат критички и да бараат креативни и ефективни начини за изразување на нивното мислење па затоа во рамките на овој настан се предвидени многубројни активности: уметнички изложби, претстави, свирки, трибини, поетски читања, проекција на кратки активистички филмови и разни настапи. За таа цел, се распишува конкурс за сите оние кои сакаат да изложат дел од своите дела, да настапат со некаков перформанс, да споделат парче музика во име на изразувачката интерпретација и секако да споделат дел од својата поезија како еден од најгласните уметнички изразувања.

„Студентската пролет“ ќе биде поделена во две етапи и тоа: „Изрази се!“ , која што редовно се организира трета година по ред, како и „Активирај се!“ во чиј склоп ќе бидат проекцијата на активистички клипови, трибината на тема „Активизам и методи на бобра“ и дискусијата за преголемите давачки кои студентите ги плаќаат.

„Изрази се!“ ќе се одржува преку ден, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, додека „Активирај се!“ ќе биде навечер и ќе трае од 17:00 до 20:00 часот. Преку ден, исто така ќе бидат претставени фотографии од протести кои се одвивале во Македонија и пошироко, резултатите од истражувањето за бесплатно образование и негова целосна презентација, како дел од Кампањата за бесплатно образование на Слободен индекс, сè со цел да ги инспирираат студентите да го кренат својот глас.