Студентите од Штуловиот универзитет се придружуваат кон Студентскиот пленум

По меѓусебни разговори и консултации, и студентите на Штулов универзитет одлучија да им се приклучат на Студентски пленум на вторите протести закажани за 10.декември, пишува Нова ТВ.

Тие деновиве одржале состанок по кој се договориле да се приклучат во „битката“ на студенти од другите универзитетит против државниот испит, реформа која Владата ја најавува чија цел било поквалитетно високо образование.

Студентскиот пленум вчера доби поддршка и од Асоцијацијата на студенти од Балканот при Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во САД а најавена е и поддршка од српските студенти кои планираат протест пред амбасадата на Македонија во Србија.

Првиот масовен протест на студентите се случи на 17 ноември, кога околу 3.000 студенти им порачаа на министерот за образование Абдулаќим Адеми и премиерот Груевски да ја стопираат идејата за екстерно тестирање. Новиот марш е закажан за 10 декември, а на него се повикани да учествуваат сите студенти, средношколци, професори и граѓани.

фото: ЕМагазин