Српските студенти се солидаризираат со македонските, најавуваат протест во Белград

На социјалната мрежа Фејсбук се појави настан во кој се повикуваат студентите во Белград да го поддржат студентскиот марш на македонските студенти што ќе се одржи во среда (10 декември). Настанот е креаиран синоќа, а досега четириесетина лица се пријавиле дека ќе присуствуваат на  него.

„Да покажеме дека меѓу колегите и колешките во Србија имаат искрени соборци за правата на студентите. Да ја искажеме нашата борбеност и солидарност, нашата единственот и колегијалност“, се вели во настанот на Фејсбук.

Во описот на Фејсбук настанот стои дека ова е протест во име на солидарност со борбата на колегите и колешките од Македонија против новите реформи во образованието со кои се нарушува квалитетот на образование и неговата достапност до сите социјални слоеви, ја повредува автономијата на универзитетот и ја ограничува слободата на истражување.

Воедно, „Студентски пленум“ на својата Фејсбук страница објави писмо кое го добиле синоќа од студентите на универзитетот „Џорџ Вашингон“ во кое им се искажува поддршка.