Студентите од ФДУ со повеќе настани го одбележуваат Светскиот ден на театарот

Студентите и професорите од Факултетот за драмски уметности најавија целодневна програма со која ќе го одбележат Светскиот ден на театарот.

Настаните ќе се одржуваат на Академската сцена на ФДУ, на 27 март, со почеток од 13 часот.

„Театарот е една од најсуптилните, но динамични уметности кои преку глумата на талентираните актери, пренесува најразлични чувства и емоции кои авторот сака побликата да ги почуствува, да се соживее и конечно да го добие максималното чувство на прочистување – катарза“, стои во најавата за настанот.

Во продолжение, целата програма:

13:00 – 14:00 Драмско читање на текстови на студентите по драматургија; класа на проф. Маја Стевановиќ | Бифе

14:30 – 16:30 Актерска игра (избор) -испит по актерска игра 1, класата на проф. З.Бузалковска | Академска сцена

16:30 – 18:00 Панел дискусија на тема „Од старата до новата школа: Што се случува со македонскиот театар денес?“ | Бифе

18:00 – 20:00 “Лазаревото писмо” -испит по актерска игра 2, класата на проф. С.Киранџиска | Академска сцена

19:30 – 21:00 Отворено предавање на проф. Ана Стојаноска “Нема претстава без гледач/и или за другата страна на рампата” | Бифе

Читање на македонската и светската порака за театарот | Академска сцена

21:00 – 22:30 “Ревизор” – испит по актерска игра 4, класата на проф. Мими Таневска

22:30 Јunkyard | Бифе

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.