Стенд-ап на Никола Ѓуричко во Скопје

Актерот Никола Ѓуричко со својот нов стенд-ап материјал „SHOWBIZ“ доаѓа во Скопје на 7 март, соопштија денес од Таксират фестивал.

„Новиот материјал на Ѓуричко вклучува анегдоти и поуки од неговиот живот како Холивудски актер и занимливости од неговиот приватен живот со неговото семејство, кои – за среќа – ги има многу!“, се вели во најавата.

Стенд-ап шоуто ќе се одржи во салата на Филхармонија со почеток во 20:00 часот.

Никола Ѓуричко е српски актер, роден во Белград во 1974 година. Подеднакво е активен и на филм, телевизија и театар, а првата позначајна улога ја добива во 1989 година во култниот филм „Последниот Круг во Монца“. Го знаеме и од филмовите: „Муње“, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур“, „Седум и пол“, „Монтевидео, Бог те видео“, а тој се појави и во улогата на Јури Исмајлов во серијата „Stranger Things“.