Статутите на државните универзитети во вторник на собраниска комисија

Со одложување од речиси половина година, на дневен ред на собраниската комисија се ставени новите статути на државните универзитети, кои мора да бидат усогласени со новиот Закон за високо образование, донесен уште во мај, минатата година.

На 22 јануари, ќе се одржи седница на Комисијата за образование, наука и спорт, на која се ставени за разгледување статутите на повеќе универзи. Во прва фаза ќе се разгледуваат новите статути на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и Универзитетот во Тетово. Статутот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е повлечен.

Гласањето на Статутите на универзитетите, кои мора да се усогласат со новиот Закон за високо образование (ЗВО)беше заглавено во македонското Собрание. А без новите статути, закочена е и можноста за распишување на студентски избори, со кои треба да се стави крај на праксата Студентските парламенти незаконски да ги претставуваат студентите во универзитетските тела и органи. Собранието, како основач на универзитетите, потоа треба да ги изгласа новите статути, со што ќе се ослобод можноста за формирање на студентските собранија, но и функционирање на новиот закон.

СПУКМ седи во Сенат – студентските избори закочени во Собрание на РМ