ССНМ со крводарителска акција за 3 мај, Денот на слободата на медиумите

По повод одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) организира доброволно дарување крв.

За таа цел, ССНМ ги повикува сите свои членови, новинари, медиумски работници, но и крводарители да се приклучат на хуманата акција.

Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 9 до 12 часот во просториите на Црвениот крст во Скопје на 3 мај (улица: 11 Октомври 42а, 1000 Скопје, Македонија).